Членовите на СК Златоврв Прилеп, Дарко Неданоски (19) и Марио Андоноски (16), на 08.07.2012 се спуштија на длабочина од -534m во пропаста “Брезно при Лашки планини”, Словенија. Младите спелеолози во пропаста се спуштија заедно со Словенците Урош Илич и Рок Планинц.
Во периодот од 27.06 до 09.07 двајцата млади членови на Спелеолошкиот клуб Златоврв – Прилеп, беа единствените македонски претставници на 6-от Балкански спелеолошки камп во Логатец, Словенија и по завршувањето на кампот продолжија со спелеолошките активности по пештерите во Словенија, посетувајќи вкупно 12 пропасти, од кои покрај споменатата со длабочина од -534m се спуштија и во Majчево Брезно (-153m) Качна Јама (-280m), Хабечков Брезен (-330m), Феранова Бужа (-350m) и др.
Со ова достигнување Марио и Дарко поставија рекорд во длабочина за СК Златоврв – Прилеп (-534m), а и се доближаа до најголемата длабочина до која било кој Македонски спелеолог се спуштил: -598m, достигната од спелеолозите на СК Пеони – Скопје во најлабоката Македонска пропаст – Словачка Јама на планината Караџица.
Нивниот престој во Словенија го помогна и ДЗРЈ Симон Робич Домжале (DZRJ Simon Robič Domžale) од Словенија, кои на Марио и Дарко им овозможија сместување, организација и потребна опрема за време на престојот во Словенија.
Повеќе фотографии можете да видите на FB профилот на СК Златоврв Прилеп.
Превземено од http://www.zlatovrv.speleo.mk