Спелелолози од Спелеолошкиот клуб Златоврв – Прилеп и од Bottom Time – Охрид, изминатиот викенд на западните падини на Галичица вршеа спелеолошко истражување и тренинг/обука на спелеолошки техники.
Во околината на с.Трпејца првично беше истражувана ново откриена пештера – Роденденска Пештера, а на брегот на Охридското Езеро беше изведена вежба и обука на техниките на единечно јаже.
Покрај тоа беше посетена и пештерата Мечкина Дупка.
Од СК Златоврв – Прилеп учествуваа Марјан Темовски и Дарко Јованоски, додека од Bottom Time – Охрид Александар Булески и Никола Паскали.