Од спелео кампот на Галичица

Кон Свинска Стрна

Кон Свинска Стрна

Во периодот од 04 до 09 август 2015, на планината Галичица се одржа првиот спелеолошки камп „Галичица“. Кампот беше во организација на СК „Златоврв“ – Прилеп и Bottom Time – Охрид. Целта на кампот беше да се потврдат познатите информации за пештерите на Галичица, да се откријат нови канали во познатите пештери и да се откријат нови пештери на Галичица. Овој камп претставува почеток на посериозни спелеолошки истражувања и проучувања на Галичица кои треба да претстојат во иднина.

Новиот канал во Свинска Стрна

Познатиот дел од Свинска Стрна

Познатиот дел од Свинска Стрна

Согласно планот, голем дел од предвидените задачи беа реализирани, меѓутоа временскиот период не ни дозволи да реализираме се од предвиденото. Покрај истражувањата, кампот имаше и педагошка задача, па неколку помлади членови имаа можност за прв пат посеризно да се вклучат во спелеолошки истражувања, со што се гради еден вид база (темел) за идни спелеолошки истражувања. Младата екипа пријатно изненади, па откри нова пропаст во близина на пропаста Рблок, со што целосно го оправда нивното учество на кампот.

Рблок

Рблок

Пред влезот од Рблок и новата пропаст Гуменци 1 (Прилепска)

Пред влезот од Рблок и новата пропаст Гуменци 1 (Прилепска)

На кампот севкупно учествуваа 11 спелеолози. Беа истражувани 4 пештери, од кои 2 нови, а во една беше откриен нов канал; регистрирани беа две нови дувала, а беше започнато и истражувањето на изворот Тушима. Покрај тоа беше изведена и вежба на спелео (SRT) техники, а дел од учесниците за прв пат пробаа и да нуркаат во отворени води (Охридско Езеро).

Нуркање во Охридско Езеро

Нуркање во Охридско Езеро

Копање на изворот Тушима

Копање на изворот Тушима

Финансиски, кампот беше реализиран преку самофинансирање од учесниците. Посетите и истражувањата на пештерите беа одобрени од ЈУ Национален Парк „Галичица“, при што за дел од пештерите од паркот добивме и координати на влезовите.

Севкупно, одличен спелео камп, исполнет со истражување, посета и документирање на пештери, пропратен со одлична спелео дружба, а со надеж да стани традиционален, па догодина со уште поголеми успеси.

Повеќе фотографии ќе најдете на ФБ страните на СК Златоврв и BOTTOM TIME, а наскоро ќе биде објавен и детален извештај од истражувањата на www.zlatovrv.speleo.mk.

Подготвил:
д-р Марјан Темовски

Tagged , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Comments are closed.