Викендот меѓу 13-ти и 15-ти мај 2016 се одржа спелеолошки собир во манастирот Св. Илија, с.Мелница, Мариово, по долго време прво собирање на спелеолозите од Македонија. Собирот беше во организација на Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп, чија мотивација за организирање на ваков настан, покрај желбата да ги собере македонските спелеолози и да мотивира понатамошна поинтензивна соработка, беше и да ја одбележи скромната пет годишнина од своето основање како спелеолошка организација.
На собирот учествуваа околу 30-ина спелеолози од скоро сите спелеолошки клубови во Македонија.
Беа одржани повеќе предавања за различни аспекти на спелеологијата и тоа:
- „Хипогени пештери во Мариово“
Марјан Темовски – Спелеолошки клуб „Златоврв“ – Прилеп - „Значењето на природните и вештачките трасери за функционирањето на карстните извори-пример на изворот Слатински Извор“
Билјана Гичевски – Истражувачко друштво „Урсус Спелеос“ – Скопје - „Документирање на пештери – преглед на резултатите на С.К. „Златоврв“ – Прилеп“
Златко Ангелески, Марјан Темовски – Спелеолошки клуб „Златоврв“ – Прилеп - „Примена на техниките на единечно јаже во С.К. „Златоврв“ – Прилеп“
Дарко Јованоски, Марјан Темовски – Спелеолошки клуб „Златоврв“ – Прилеп - „Спелеонуркачкa експедициjа во пештерата Ѓоновица“
Киро Ангелески – Спелеонуркачки клуб „Врело“ – Скопје - „Спелеонуркачкa експедициjа во пештерата Ѓоновица“
Киро Ангелески – Спелеонуркачки клуб „Врело“ – Скопје - „Спелеолошки истражувања на изворот на Бабуна“
Иван Жежовски – Спелеолошко друштво „Пеони“ – Скопје - „Пропаст Провала, Мариово“
Диме Ангелов – Спелеолошко друштво „Пеони“ – Скопје - „Пештера Лековита Вода, с.Праведник, Тиквешко“
Никола Минчоров – Спелеолошки клуб „Орле“ – Кавадарци - „Златоврв и пештерите“ – видео по повод 5-годишнината на С.К. „Златоврв“ – Прилеп
Јован Тодоровски – Спелеолошки клуб „Златоврв“ – Прилеп
Покрај предавањата, беше одржана и дискусија на која беше дебатирана состојбата со спелеологијата и пештерите во Македонија, а беше посетена и Мелничка Пештера 1, една од неколкуте регистрирани хипогени пештери во Македонија.
Дел од учесниците имаа можност и да ги повежбаат техниките на единечно јаже.