Спелеолошка експедиција „Северен Велебит“ во Хрватска

Дарко НеданоскиДарко Неданоски од Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп ќе учествува во спелеолошката експедиција „Северен Велебит“ во Хрватска, која од 23.7-6.8.2016 г. ќе се одржи во организација на Спелеолошкиот отсек на П.Д.С. „Велебит“ и Спелеолошкото друштво „Велебит“ од Загреб, во соработка со Комисијата за спелеологија при Хрватскиот планинарски сојуз и Загребскиот спелеолошки сојуз.

Slovacka_Jama_Velebit

Словачка Јама на Велебит, извор: http://speleologija.hr/velebit2016

Експедицијата ќе се одвива на доста тежок терен, познат по длабоки пропаст, вклучително и најдлабоката на Балканот, пештерскиот систем Лукина Јама-Тројама (-1431 m). Главните истражувања ќе бидат насочени кон истражување на нови канали во пропаста Словачка Јама (-1301 m), втората најдлабока пропаст во Хрватска, при што истражувањата ќе се одвиваат на длабочини поголеми од 700 m.

Повеќе информации за експедицијата можат да се најдат тука:
http://speleologija.hr/velebit2016

Tagged , , , , , . Bookmark the permalink.

Comments are closed.