Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, во периодот од 27 до 31 јули ќе организира камп за истражување на подводната пештера Врело (извор Коритиште).
Кампот ќе биде сместен во базата на клубот, непосредно до влезот во подводната пештера.
Активностите ќе се состојат од:
- Подготовка на влезот на подводната пештера и околината за продолжување на истражувањето во внатрешноста и испитување на примероци на вода од повеќе точки на различни длабочини.
- Изготвување на промотивен материја (фотографии и видео снимки)
- Изготвување на материјал за монографија на подводната пештера.