Според информациите од Павел Рудко, член на руската експедиција во втората најдлабока пештера во светот, пештерата Сарма, со новите истражувања во пештерата е достигната длабочина од -1830m.
.
Профил на пештерата Сарма (2011 г.):
извор: http://www.rgo-speleo.ru/caves/arabika/sarma_plans.htm
Пештерата Сарма се наоѓа на масивот Арабика, во Западен Кавказ (види ја картата подолу), каде се наоѓаат трите најдлабоки пештери во светот:
1. Крубера (Вороња): – 2197 m (08.2012 г.), масив Арабика | бр.1 на картата
2. Сарма: -1830 m (08.2012 г.), масив Арабика | бр.13 на картата
3. Снежнаја-Межоного-Иљузија: -1753 m (09.2007 г.), Бзубски масив
Профил на пештерата Снежнаја-Межоного-Иљузија (2012 г.):
извор: http://club13mm.ru/topo/
Kарта на масивот Арабика и соседниот Бзубски масив.
А и B: локација на Арабика и Бзубски масивите; C: локацијата на значајните пештери е означена со бројки (види текст)
.
На масивот Арабика се откриени неколку стотици пештери, од кои 15 се подлабоки од 400 m, додека 5 се подлабоки од 1000 m (Klimchouk, 2012).
Meѓу позначајните пештери се издвојуваат и:
Иљухина: -1273 m (бр. 3 на картата)
Московскаја: -1125 m (бр.6 на картата)
Арабискаја: -1110 m (бр. 4 на картата)
Ѕоу: -1090 m (бр. 5 на картата)
Користена литература:
Klimchouk, A. (2012): Krubera (Voronja) Cave, in William B. White and David C. Culver (Ed.): Encyclopedia of Caves. Chennai: Academic Press, 2012, 966 p.