Астронаути во пештерите на Сардинија!

Астронаутите Мајк Финк, Ендрју Фjустел (NASA), Андреас Моgенсен (ESA), Николај Тиконов (Roscosmos), Соичи Ногучи (JAXA) и Дејвид Сан-Жак (CSA) како дел од проектот CAVES 2012 (Cooperative Adventure for Valuing and Exercising human behavior and performance Skills), ќе престојуваат 6 дена во пештерите на Супрамонте во Сардинија почнувајќи од 07 септември.

Цел на проектот е астронаутите да вежбаат во средини кои се слични на средините со кои ќе се сретнат при вселенските истражувања. Пештерите се добра замена за тоа, затоа што се средина која е изолирана од надворешниот свет, каде имате доста технички предизвици и работите во услови на ограничена приватност и со ограничени ресурси.

За време на престојот астронаутите ќе ги картираат каналите на пештерата, а ќе вршат и некои научни истражувања како барање и документирање на жив свет, работи што вообичаено се прават и при вселенските истражувања.

За последни информации и случувања тука

извори:
European Space Agency
www.space.com
www.speleogenesis.info

Tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Your email address will not be published.